00 - За компании

AI обуки за компании

Обука прилагодена на вашите луѓе, процеси и алатки.

Ги користиме истите практични работилници од нашиот каталог, но само за вашата компанија и со примери од вашата работа. Од една работилница за еден тим, до програма што гради AI вештини во повеќе сектори и на сите нивоа на менаџмент.

01 - Јавна или за компанија

Јавна работилница или обука само за вас?

Јавни работилници во споредба со обука за една компанија
Јавна работилницаОбука за вашата компанија
УчеснициПрофесионалци од повеќе компанииСамо вашите вработени
СодржинаСтандардна програма, примери од различни индустрииПрилагодена на вашата индустрија, процеси и алатки
ТерминОбјавени датумиСпоред вашиот календар
ЛокацијаПростор за обуки или онлајнКај вас, надворешен простор или онлајн
Доверливи материјалиНе се користатМоже да се користат според договорени правила
Најдобро заПоединци и мали групиТимови, сектори и поголеми групи

02 - Што нудиме

AI вештини за целата компанија

  1. 01

    Обука за цели тимови и сектори

    Тимот учи заедно, на своите задачи, и заминува со заеднички процеси, правила и шаблони.

  2. 02

    AI за конкретни сектори

    Работилници за HR, маркетинг и продажба, финансии и операции, ризик и IT.

    Работилници по сектори
  3. 03

    AI за менаџери и раководство

    Модули што го поврзуваат AI со стратегијата, одлучувањето, водењето луѓе и промените.

    Работилници за лидерство
  4. 04

    Основна AI обука за сите вработени

    Заедничка основа за целата компанија, а потоа подлабоки обуки за улогите каде што работата најмногу се менува.

    Основни работилници
  5. 05

    Обука за алатките што веќе ги имате

    Ако сте вовеле Microsoft 365 Copilot, ChatGPT или други алатки - обука на нив, за да се користат секојдневно, а не само да се плаќаат.

  6. 06

    Програма во повеќе чекори

    Комбинација од работилници, примена на работа и follow-up сесии за трајна промена во начинот на работа.

03 - Прилагодување

Прилагодено на вашите луѓе и вашата работа

Индустрија
Примери од вашиот сектор и неговата регулатива.
Сектор
Вежби на процесите на тимовите што се на обуката.
Ниво
Од сите вработени до специјалисти и раководство.
Предзнаење
Почнуваме од нивото на AI вештини што вашите луѓе веќе го имаат.
Алатки и правила
Вашите одобрени алатки, правила за податоци и интерни политики.
Јазик
Обуките се на македонски јазик, а по потреба и на англиски.

Каде се одржува обуката

  1. 01Во вашите просторииОбука во вашите канцеларии, со вашите алатки. Погодно за поголеми групи и повеќе групи.
  2. 02Во надворешен просторЗатворена група во простор по ваш избор, подалеку од секојдневните обврски. Погодно за раководни тимови.
  3. 03Онлајн во живоОнлајн сесии во реално време со практични вежби, во блокови од половина ден. Погодно за тимови на различни локации.

05 - Побарајте понуда

Побарајте понуда за вашата компанија

  1. 01Го разгледуваме барањето и ви одговараме со прашања или предлог за краток разговор.
  2. 02Се договараме за учесниците, целите, форматот и прилагодувањето.
  3. 03Добивате писмена понуда со програма, логистика и цена.

Полињата означени со (задолжително) мора да се пополнат.

01 - Контакт

02 - Потреби за обука
Теми што ве интересираат (опционално, изберете повеќе)

Посакуван формат (опционално)

Што треба да знаат да прават учесниците по обуката? Кои алатки користите и има ли нешто друго што треба да знаеме?